речник контакт

Волешпноста на Сикстинската капела само за мал број среќници

Систинската капела на 500-та годишнина се ограничува, дилемите во Ватикан

Петар Печков

Петстотини години по нејзиното завршување, Ватикан  првпат објавува дека  размислува за ограничување на бројот на посетители на кои им се дозволува да ја видат величенственоста на Систинската капела.

Познатите фрески на Микеланџело се опишани како едни од врвните светски уметнички дела.

Во сцените кои се редат една по друга, пред очите на посетителите се откриваат некои од најсилните приказни од Стариот завет.

А во центарот на ова огромно дело е едно од најпознатите дела на западната уметност: сликата на Бог како со допир му дава живот на Адам.

Секој ден низ портите на Систинската капела поминуваат по 20.000 посетители, или повеќе од пет милиони годишно.

Поради ова, италијанскиот литературен критичар Пјетро Цитати, неодамна започна серија напади врз властите во Ватикан затоа што дозволуваат толкав број посетители.

На страниците на дневниот весник Кориере дела сера, тој отиде дотаму што ги опиша овие маси народ како „незамислива катастрофа“.

„Во општата конфузија, никој ништо не успева да види“, напиша тој.

Зборувајќи за Би-Би-Си, тој упати уште пожестоки критики.

„Систинската капела е полна со народ - огромни маси, натискани едни до други... и сите тие луѓе дишат! Се создава огромна концентрација на оваа човечност! Хумана пот. Тоа е грозно“.

Цитати вели дека оваа бесконечна, растечка влага, или „ѕид на човечки здив“, може да биде уништувачка за бесценетите фрески.

Одговарајќи на оваа критика, директорот на ватиканските музеи, Антонио Паолучи, признава дека постои „сериозен проблем“.

Тој вели дека во целина доктрината на Католчичката црква е изнесена во сликите во Ситинската капела, и дека сакааат сите оние кои доаѓаат да ја посетат да го почитуваат тој симболичен систем.

Но Паолучи призна дека тоа не е лесно да се оствари кога собата е преполна со луѓе.

„Станува бучно, луѓето се збунети, здивуваат - тоа е тешко да се разбере“, рече тој. „Премногу луѓе создаваат непријатна атмосфера... а тоа исто така создава проблем за конзервација на фреските“.

Паолучи вели дека наскоро ќе бидат обелоденети плановите за да се подобри вентилацијата и да се намали заканата од влага во капелата.

Но на крајот тој вели дека овие чекори можат да се преземат и со ограничувањето на бројот на луѓе на кои им дозволува влез во неа.

„Може да стигнеме и до тоа прашање - ако е тоа потребно - со таканаречен „ограничен број“ на посетители“, рече Паолучи.

„Но досега се обидувавме да го избегнеме ова, затоа што Систинската капела за оние кои го посетуваат Ватикан не е само место на уметноста, туку и духовно религиозно место“.

„Жива смрт“

Постои аргумент дека треба лесно да му се овозможи пристап на секој аџија кој доаѓа во Рим, да ја види оваа соба која е многу значајно место во католичкиот свет.

И затоа пред само неколку недели, во текст во дневен весник, Паолучи напиша дека ќе биде „незамисливо“ да се ограничи влезот во Систинската капела, исто како што би било и ограничувањето на влез во познатиот храм Лурдес.

Но критичарот Цитати го гледа ова уште покатастрофично, наведувајќи дека се се врти само околу парите.

Црквата заработува прилични средства од посетителите во капелата и во другите ексклузивни музеи во Ватикан.

Сите кои чекаат во долги редици на плоштадот Свети Петар, плаќаат повеќе од 15 евра за билет.

Но можно е да се избегнат овие маси народ, ако можете да одвоите 220 вера за приватна тура. Овие тури се состојат од 10 луѓе на кои им се дозволува влез во капелата надвор од вообичаеното работно време.

Цитати не е првиот кој го отвара прашањето за бројот на посетители на кои им се дозволува влез во капелата.

Во текстови непосредно пред неговата смрт, уметничкиот критичар Роберт Хјуз се потсетува на пишувањата на германскиот писател Гете, кој ја посетил капелата пред 200 години.

Во тоа време, Систина била „место каде секој можел да биде сам, или скоро сам, заедно со делото на генијот“, напишал Хјуз.

„Денес ваквата идеја звучи апурдно; фантазија. Масовниот туризам го претвори она што беше контемплативно задоволство за современиците на Гете, во навика која повеќе личи на деградирачка посета на рагби меч“.

Тој напишал дека сликите се тивка уметност, кои заслужуваат спокој од оние кои доаѓаат да ги видат.

Но денес Систинската капела се исполнета со звуци од масите посетители кои непрекинато мрморат.

А тешко е да се игнорираат разговорите околу вас.

„Можете ли да замислите дека некој го насликал ова... со четкичка“, викнал некој американски турист кон неговиот придружник на една неодамнешна посета.

Потоа зборувале за тоа колку можеби бил платен Микеланџело за ова. А потоа почнале и гласно да се смеат наизглед од забава, за да го предизвикаат налутениот чувар да почне да ги следи, да ги стрела со поглед, и да им „ш`шка“ да замолчат.

Тоа било вид на искуство кое го пресушува местото на духовен интензитет, кое Микеланџело сакал да им го даде на луѓето.

Роерт Хјуз рекол дека модерната атмосфера во Систина претставува „вид на жива смрт за високата култура“, тутната во рацете на масовната култура.

А со дебатите околу можноста за евентуално ограничување на бројот на посетители, можеби и Ватикан почнува слично да се чувствува.

текстот е преземен од Би-Би-Си - Лондон

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »