речник контакт

Волонтери од велешкиот Црвен крст со набавка и достава на продукти за старите и немоќни лица

Се одбележува „Неделата за грижа на стари лица" од 16-ти до 20-ти ноември

Петар Печков

Општинскиот Црвен крст на Велес, ја одбележува „Неделата за грижа на стари лица". Aктивностa се спроведува оваа седмица, во период од 16 до 20 Ноември,   под мотото „Сите сме нивни деца“.

Општинска Организација Велес организира активности за постарите лица, за превенција и справување од кпвид-19 со мобилен тим на терен за бесплатна услуга, за набавка на:  прехранбени продукти, средства за хигиена и лекови. Граѓаните кои ја користат оваа услуга, со сопствени средства го надоместуваат трошокот за набавените продукти - информираа од велешкиот Црвен крст.

Тим  кој ќе ја извршува нарачка и достава  е достапен од понеделник 16-ти ноември  до петок 20-ти ноември  од 10 до 15 часот. Контакт телефонот е  071/274-223 или 076/368-066.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »