речник контакт

Волонтерите на Црвениот крст од Кавадарци израдуваа семејство со дете со аутизам, со фрижидер

Хуманитарниот проект опфатил повеќе содржини за да се обезбедат средства

Петар Печков

Младите волонтери од Општинската организација на  Црвениот крст Кавадарци, од основното училиште „Гоце Делчев“  кои биле  вклучени во програмата ЦКА-ПХВ, работеа на хуманитарен проект за помош на социјално загрозено семејство каде што едно од децата е со аутизам. Волонтерите го посетиле домот на детето и утврдиле дека една од потребите на семејството е купување на фрижидер и тостер, кои ги немале.

„За да ја постигнат својата цел и да дојдат до финансиски средства младите волонтери организираа хуманитарен концерт каде што настапуваше балетското студио Венус од Кавадарци, а свои настапи на флејта имаа Илина Ристова и Патриција Ѓорчева. Во изминатиот период учениците -волонтери имаа неколку работилници со дечињата од Центарот за поддршка на учењето на деца со посебни потреби од Кавадарци, каде што секојдневно престојува и  детето со аутизам.  Учениците имаа и собирни акции во училиштето, заедно со вработените собраа и облека за семејството, а маркети Минекс донираа и хуманитарен пакет со храна“ - кажа Димитар Каракулев претседател на  ОО Црвен крст Кавадарци

За време на Велигденските празници семејството ги добило  пакетите со облека и храна, а од собраните средства од страна на волонтерите  биле купени фрижидер и тостер, на кој најмногу се израдувало младото дете.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »