речник контакт

Волците дојдоа до Велес

На периферијата од градот, на прва воденица од Тополка, удавиле кози и јариња

Петар Печков

Овој викенд волци го нападнале стадото на велешанецот Ицо Ивчев Картуш и му задавиле две кози и две јариња. Тие случајот го пријавиле во Ловното друштво во Велес за да  се спроведе хајка и се убијат волците. За него е чудно, што ова се случило на периферијата од градот, каде завршуваат последните куќи.

Кога отидовме во неделата попладне, што да видиме во трлото четири животинчиња беа здавени и одвлечени од него. Чудно е што волците дошле до влезот на Велес, оти трлото е кај прва воденица на Тополка. Тоа е веднаш до месноста Долни Дуќани. Бидејќи често ги носиме на пасење, многу има шакали кај месноста Црн камен. И тие прават штета и тие убиваат животни а ги штити законот, затоа ги има ногу – вели Картушот. 

Веднаш потоа инцидентот го пријавиле во велешкото ловно друштво ,,Руен,,. Од таму најавуваат дека овој викенд ќе организираат хајка,за да ги застрелаат волците кои невообичаено, дојдоа до приодот на Велес. Ова не е прв пат волци да дојдат на периферијата од градот. Лани биле во населбата Речани каде се задавени кози во сопственост на фармер.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »