речник контакт

Вонредната состојба продолжена за 15 дена

Мерките кои се на сила продолжуваат да важат во наредниот период на вонредната состојба, предизвикана од ковид-19

Петар Печков

По неколку часовна консултација на седницата на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски соопшти дека донел одлука да прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена, а не во траење од 30 дена како што побара Владата.

Министерот за здравство претходно побара продолжување на вонредната состојба, а Владата предложи продолжување од 30 дена.

Дел од мерките кои ги предложуваме важат за вонредната состојба и важно е да важат и понатаму, во однос на рестрикциите и уредбите - рече министерот Филипче.

Првата вонредна состојба беше прогласена од 18 март, а втората на 17 април, поради состојбата со ковид-19. Владата на денешната седница донесе заклучок да достави предлог до претседателот на државата за продолжување на вонредната состојба за уште 30 дена.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »