речник контакт

Вонредно се исчисти и дезинфицира Дервени поток (фото)

Вонредно е исчистена и улицата кон Железничка, оти велешани по неа фрлаат заштитни ракавици

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден вработените од  ЈКП Дервен извршија вонредно  чистење и дезинфекција на Дервенскиот поток.   Оваа обврска е согласно динамиката утврдена во Оперативниот план за дезинфекција на територијата на Општина Велес. Таа треба според најавите да биде повторена и во текот на денешниот  ден.

Воедно, ЈКП „Дервен” реализирал генерално чистење од отпад на сите влезови во градот. Во текот на вчерашниот ден интервентно и без одложување е извршено вонредно чистење на улицата „Алексо Демниевски”  - кон Железничката станица, поради несовесно однесување и фрлање отпадни на заштитни ракавици. Општина Велес апелира на совесно однесување со отпадот -Јавното здравје е заедничка одговорност.

Вработените во управувањето со отпадот се вториот човечки штит на јавното здравство, после здравствените работници. Поради тоа, неопходно е сите да подадеме рака, да бидеме солидарни и да им помогнеме на овие работници со нашето одговорно однесување - порачуваат од локалната власт. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »