речник контакт

Вонредно се чисти Дервенски поток и игралиштето

Комуналците чистат, дел од граѓаните фрлаат смет

Петар Печков

По налог на Општина Велес, деновиве се врши вонредно чистење на Дервенскиот поток и игралиштето. Според  програма  за редовно чистење, игралиштето кај Потокот се чисти шест пати во годината, а Дервенски поток -канафките четири  пати во годината. Поради сметот кој несовесните граѓани таму го фрлаат, се врши вонредно чистење.

Досега игралиштето било чистено во февруари и во мај месец, а Дервенскиот поток во март и во јуни. Ова чистење е по налог од општина, не е редовно туку вонредно чистење и се чисти и игралиштето и потокот - велат од  ЈКП Дервен.

Од локалната власт апелираат граѓаните да не го фрлаат сметот на јавните провшини, туку во термините кога  комуналците на ЈКП Дервен го собираат сметот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »