речник контакт

Војдиновска загуби во првото коло на ЕП во карате во Финска

Велешанката беше елиминирана од Србинката Филиповиќ

Петар Печков

Велешанката Клементина Војдиновска  загуби во првото коло од ЕП во карате кое се одржува од 1-ви до 4-ти мај во Темпере Финска. Војдиновска како членка на карате клубот Гладијатор од Велес   учествуваше во кумите (борби) во категоријата +68 кг.

Во осминафиналето Војдиновска, вчера загуби со високи 8:0 до Србинката Тамара Филиповиќ, која веќе во следното коло беше елиминирана од Шпанката Лаура Гонзалес. Во категоријата каде настапуваше Војдиновска имаше пријавено 19 натпреварувачи.

Македонската селекција во Финска  брои вкупно 13 каратист(к)и кои  се натпреваруваат во борби (кумите), додека во кати ќе не претставуваат ката тимот во женска конкуренција и две репрезентативки во поединечна конкуренција. Берат Јакупи ќе биде нашиот главен адут во борби, посебно по исклучително позитивните настапи на европските купови изминатиов период.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »