Петар Печков
Објавено: петок, 09 март 2018
Во Велешката касарна Алексо Демниевски Бауман 34-тата генерација на војници, кои доброволно го отслужуваат воениот рок во Армијата на Република Македонија, даде свечена заклетва. 45 војници, меѓу нив и две девјоки наредните три месеци ќе бидат дел од обуката која ќе се одвива во Центарот за индивуидуална обука кој е дел од Командата за обука и доктрини.
Имав голема желба да служам во АРМ и сакав да видам и почувстувам како е да се биде женско во униформа. И тоа е тоа, што го очекував. За изминатите седум дена научивме заедно со колегите војници на дисциплина, дружење. Можат да доаѓаа повеќе девојки, оти во оваа класа сме само две - рече Катерина Јовановска од Струга.
Таа има 24 години и била вработена во Хотел Мираж. Нејзе друштво и прави скопјанката Марија Георгиевска, која е студент на Факултетот за безбедност.
Имав голема желба да се биде во униформа и првите впечатоци се одлични. Рамнопавни сме со машките, научивме многу нови работи. Ги извршуваме сите задачи кои ги даваат старешините. Се привикнав и на раното утринско санување, но се е прашање на навика - рече Марија.
На новата генерација војници кои доброволно го отслужуваат воениот рок, заклетвата им ја честита полковник Арбен Јакупи полковник.
Да се даде заклетва е личен чин, но и чест и задоволство. Можете да се гордеете што пораснавте во здрави и способни малди луѓе, кои сте во овој строј и прифанавте чесно да и служат на својата татковина во армијата - рече Јакупи.
За прв пат откако војниците доброволци даваат свечена заклетва, на овој чин присуствуваа и ученици. И тоа од ОУ Блаже Конески.
Tweet |