речник контакт

Војниците од SEEBRIG со донација за Развојниот центар од Здравствен дом

Доделени се реквизити за работа со децата со типичен и атипичен развој

Петар Печков

Развојното советувалиште при ЈЗУ Здравствен дом Велес доби донација од Југо Источната Европска бригада, (SEEBRIG) со седиште во Куманово.

Војниците од оваа единица за децата со типичен и атипчен развој од градот, доделија реквизити  за работа со нив. Тоа се  графо-моторни, едукативни материјали за фина  моторика. 

Донацијата на директорот на ЈЗУ Здравствен дом Ристе Богоевски му ја врачи бригадниот генерал Евангелос Митроцикос  

Војниците од  SEEBRIG се од шест Балкански држави  Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Турција и Македонија.

Тие овој период изведуваат вежба, која се реализира во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ и една од целите на нивниот престој во Велес била да помогнат на некоја ранлива група од Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »