речник контакт

Вработен во армијата починал на работно место во велешка касарна

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство

Петар Печков

Четвртокот  во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ пронајден е починат вработен во АРМ. СВР Велес со информација за случајот.

„На 13 октомври во Полициската станица Велес било пријавено дека во канцеларија во касарната на Армијата на РСМ во Велес бил пронајден починат С.А.(59) од Гевгелија, вработен во армијата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство“ - соопшти Pисте Самараџиев, портпарол на СВР Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, а телото на починатиот, по наредба на Јавен обвинител, било дадено на обдукција.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »