речник контакт

Вработен во шумска полиција во Кавадарци, нападнат од четири лица

Поради повредите на главата пренесен е на Клиниката за неврохирургија

Петар Печков

Вчеравечер во Кавадарци, од три лица  бил нападнат вработен во шумската полиција. Лицето од повредите морало да биде пренесено на Клиниката за неврохирургија.

„На 12 октомври  во 22.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Блажо Алексов“ во Кавадарци, четири лица физички го нападнале Д.Ј.(45 год) од Кавадарци, а при нападот користеле и тврд предмет. Д.Ј. бил пренесен во болницата во Кавадарци каде му биле констатирани тешки телесни повреди“- информира Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Повредениот имал рани на главата, поради што е пренесен на лекување во Скопје.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »