Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 август 2016
16 лица, сите работени во ЈКП Дервен во РЕ Паркови и зеленило, се на терен во Скопје. Тоа е дел од помошта што градот, преку Општина Велес ја испорачува за настраданите од саботното невреме во скопско.
Ова помош освен во луѓе, се состои и со техника за испумпување на водите од домовите. Во Скопје и утре ќе заминат истиот број 16 лица, вработени од ЈКП Дервен како помош.
И утре ќе се постави собирниот пункт пред поранешен ,,Панини,, каде по иницијатива на локалната власт се собира хуманитарна помош.
Tweet |