речник контакт

Вработените во Киро Куќук по дома, кога ќе се вратат не знаат

Конечно се огласи и Камчев, вели со ваквите информации се нарушува угледот и името на фабриката... која патем се гуши во долгови

Петар Печков

Стоипедесет вработени од велешката тулана АД Киро Ќучук од почетоков на годинава се дома, наместо на работните места. На крајот од ланската година откако дел од нив добиле аванс на рака, им било кажано дека некое време нема да доаѓаат, а ќе биле телефонски известени кога ќе треба да се вратат. Работниците само погодуваат дека причина е недостигот на мазут а директорот Камчев во телефонскиот разговор, не ја откри причината, рече дека со ваквите информации се нарушува името  и угледот на фирмата  кој го има во земјава.

Дојде директорот на 30-ти декември  даде пари на рака, потпишавме на едно ливче дека е аванс и ни кажа некое време нема да доаѓаме на работа. Ќе имало ремонт. А ремонт се прави ли со пет луѓе бравари, колку што остави. Мислиме дека причина е што немаме мазут, за да работат печките.  Пред два месеци носевме заостанат мазут стар 15 години од цистерните во фабриката за вар во Превалец, сега нема од каде да се најде, никој не дава за без пари. Дали сега сме на неплатен одмор, дали сме на 70 отсто никој не знае, ниту пак прашуваме, за да не добиеме отказ – велат вработените во АД Киро Ќучук.

Не знаат ниту која  ја добиле и колку плати им должи фабриката, бидејќи има огромен заостанат долг од 30 неисплатени а изминатите две години пари се делеле во вечерните часови, преку луѓе блиски на директорот, со објаснување дека тоа е аванс. Туланата е во огромни финансиски проблеми, кој се влечат со години, поради што имаат долгови кон УЈП за персонален данок и ДДВ, кон Фондовите за здравство и ПИОМ за неплатени придонеси, кон работниците и кон доверителите.

Последните две години струјата во неколку наврати беше исклучувана од ЕВН, поради неплатени  рати по долгот за заостанати  милионски сметки. Поради неплаќање на концесијата за користење на земјата, државата им ги одзеде петте парцели од каде Киро Ќучук се снабдуваше со глина. Сега таа се копа од дворот на фабриката.  Таа има долг и кон ЈКП Дервен за неплатена вода. Во меѓувреме имаше два обиди таа да оди во стечај, но и двата доверители првиот  Фондот на ПИОМ а вториот фирма од Прилеп  без објаснување се повлекоа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »