Петар Печков
Објавено: петок, 07 февруари 2025
Попладнево враабаотените во фабрикаат за шински возила Колска од Велес, земаа плата и го ставија протестот во мирување.
„Парите легнаа на сметките, исплатена е платата за декември. Барањето за исплата на К-15 останува, за што ќе ги продолжиме разговорите“ - рече Тони Арсовски, претседател на синдикатот во фабариката.
Премиерот Мицкоски при денешната посета на Велес, кажа дека вработентеи од Колска ќе добијат плата но и дека се работи на решение на проблемот.
„Кога тргневме да бараме решение за Колска, кога дојдовме како Влада, дел од работниците кои го организираат штрајкот велеа дајте да одиме во стечај и потоа во пензија, на кратко кажано. Решение се бара и ќе се најде за Колска“ – кажа премиерот Мицкоски.
Денес претставници на фабриката за шински возила Колска, биле во Скопје каде со претставници на МЖ Транспорт потпишувале договор за работа за наредниот период, за колку вагони ќе добијат на поправка.
Tweet |