речник контакт

Вработените од ЈКП Дервен ги чистат тротоарите низ градот (фото)

Вчера се расчистувале тротоарите во центарот на градот, денес, понеделник се расчисуваат тротоарите по споредните улици

Петар Печков

Од вчера, екипи на ЈКП Дервен се работно ангажирани во чистење на јавните површини, согласно донесената одлука на Советот на Општина Велес.

Работни тимови на Секторите Комунална хигиена и Паркови од вчера- недела, работат на расчистување на снежните наноси по градските тротоари. Во текот на вчерашниот ден се чистеа тротоарите во централното градско подрачје и пристапниот пат до градската болница, додека денеска- понеделник,  се чистат тротоарите по споредните улици во градот - велат од ЈКП Дервен.

Од Општина Велес, наспроти нивните колеги од соседните општини, Лозово, Градско и Чашка,  кои информираат какви активности преземаат за расчистување на снегот по регионалните патишта, нема информација за активности на општинско ниво.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »