речник контакт

Вработените од Колска протестираа на железничка во Велес

И натаму никој не одговара на нивните барања за исплата на плата.Вработен кој има скршеници не може да се лекува оти нема платено придонеси ниту да плаќа за прегледи оти нема плата

Петар Печков

Наместо во фабричкиот круг, вработените од фабриката за шински возила  Колска од Велес протестираа еден час на железничката станица.  Така тие го продолжија нивниот штрајк, со барање за исплата на заостанатите плати. За два месеци изработиле 28 од договорените 75 товарни вагони, но пари нема. Револтот од тоа што немаат со месеци земено плата и платени придонеси, тие го искажаа со  блокада на патничкиот воз кој напладне тргнува за Скопје, но сепак на крај во интерес на патниците го пуштија на време.  

     - Седум дена штрајкуваме, се разговара,  преговара ама нема ништо конкретно. Затоа сме денес овде на железничка на отворено еден час, патничкиот воз ќе го пуштиме, сакаме само да алармираме во каква состојба се наоѓаме. Бидејќи капиталот на Колска е во државен сопственост, понеделник одиме пред Влада, белки така ќе забележат  дека има проблем со нашите сработени а не исплатени плати  Дваесет години трае нашиот проблем ама никако да се реши – рече Слободан Димитриевски претседател на синдикалната организација во фабриката.  Преговараат со раководството на фабриката но и со Министерството за транспорт и врски.   Објаснуваат дека немаат земено  половина плата за декември и од март сите месеци потоа.  За истиот  период немаат палено и придонеси. Велат дека нема живот а сведок на тоа е нивен колега,  кој има скршеници  на нозете но и така со штаки  дојде на  протест.

Поради неажурноста на фабрика каде работам, не можам да се лекувам. Имам скршеници на нозете.  Сега три месеци сум на приватно лекување оти немаме платено здравство, ама и тоа не можам да  го платам, оти немаме плата. Како да платам кога пари нема, на лекар не можам да одам, тажно но вистинито  - вели Љубе Анастасов.

Оваа година Колска  одбележува еден век постоење. Во април по долго време добија  работа, да поправат на Македонски железници 75 товарни вагони. Но според работниците есапот излегол грешен. За една кола се плаќало по пет илјади евра, а тие биле премалку да се обезбеди репроматеријал и средства за плати. Претходно една кола за поправка се плаќало по седум илјади евра и со тие средства се покривале сите трошоци и останувало за плати.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »