речник контакт

Вранишковски во затворот во Идризово

Тој се бараше со потерница по пресуда од Основниот суд во Велес, бидејќи треба да отслужи казна затвор од 2,5 години оти присвоил 320 илјади евра додека бил владика на МПЦ

Петар Печков

Јован Вранишковски денеска бил уапсен на граничниот премин Меџитлија при обидот да влезе од Грција во Македонија, соопштија неговите приврзаници од ПОА. Според нив, Вранишковски по апсењето е однесен во затворот Идризово во Скопје.

Екс владиката на Повардарската Епархија  Јован Вранишковски е осуден на  двеипол години затвор и обврска на МПЦ да и врати 15 милиони денари оштета, плус камата за пет години за кривичното дело затајување, во судскиот процес кој траеше пет години во Основниот суд во Велес.  Бидејќи бепе во бегство му се судеше во отсуство.

„По лажните обвинувања од расколничката организација во 2010 година  Архиепископот Јован беше осуден на затворска казна, но од причини што судскиот процес се одвиваше во негово отсуство, тој има законско право да побара повторување на постапката. Затоа очекуваме дека за три до пет дена тој треба да биде ослободен од затворот и да му се овозможи нова судска постапка во која ќе се брани од слобода“, стои во соопштението на ПОА.

Вранишковски беше уаспен и на 16 ноември 2010 година на бугарската граница по потерница на Интерпол за издржување на затворска казна. Судот во Бугарија го пушти и го одби нарањето за екстрадиција од страна на Македонија.

Враншковски  беше осуден бидејќи во периодот 24.06.1998 до 09.07.2002 кога беше владика на МПЦ во три нејзини епархии, Преспанско-Пелагониската, Повардарската и Брегалничката, противправно  присвоил 21 милион денари.

Разликата од шет милиони денари,  колку што црквата смета дека е оштетена и колку судот пресуди да и се врати, МПЦ треба да ја бара во граѓански спор. Вранишковски според обвинението парите кој му биле давани на рака од различни цркви и манастири ги присвоил, со нив купувал луксузни возила кои потоа биле продавани или просвоени од негови блиски луѓе.

За финансиските малверзации ги користел хуманитарнтие организации и црковни економии, со кои раководеле негови блиски роднини. Злоупотребувани се и донации и народни пари наменети за изградба или реновирање на храмови. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »