речник контакт

Вранишковски ослободен од обвинението

Јован Вранишковски е ослободен од обвинението. Според законот не сторил кривично дело. Оваа пресуда, утринава ја соопшти Валентин Зафиров, судија во велешкиот Суд.

Аница Солева

Судот оцени дека Вранишковски не проневерил 320.000 евра во времето кога раководел со три епархии на МПЦ. Јован денеска не дојде во Велес да ја слушне пресудата. Претставникот на МПЦ изјави дека судската одлука ќе биде обжалена бидејќи се уверени во злоупотребите на расчинетиот Владика. Сепак, Јован Вранишковски од пред една недела има правосилна пресуда со која е осуден на една година затвор. И овој пат за затајување, но на 57.000 евра, пари кои Трифун Костовски му ги дал за реновирање на црквата. Вранишковски веќе издржа 8-месеци казна затвор во Идризово за ширење на верска и национална омраза. Извор: [url=www.a1.com.mk]А1[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »