речник контакт

Вранишковски уапсен во Бугарија

Уапсен е Јован Вранишковски расчинетиот владика на Повардарската Епархија на МПЦ.

Петар Печков

Тој во вторникот попладне бил фатен  во Бугарија,  на  Колотина граничниот премин кон Србија. Македонското Министерството за внатрешни работи оваа информација ја потврдува откако  софиското биро на Интерпол  го известило скопското биро на Интерпол.
Вранишковски е уапсен по меѓународна потерница која е издадена на први овој месец од македонското биро за Интерпол, по наредба на основниот суд Битола. Потерницата е издадена за  кривичното дело „затајување“. Вранишковски на бугарско- српскиот граничен премин Калотина е задржан, на пат за Белград каде требало да учествува на есенското заседание на Синодот на српската православна црква.


Одлука на бугарските органи е дали  на Вранишковски ќе му биде одреден екстрадиционен притвор. Тој  беше осуден од страна на велешкиот суд за злоупотреба на 250.000 евра црковни пари и во земјава го чека за извршување на затворска казна од две и пол години.

 Дали бугарските органи на Вранишковски, ќе му одредат мерка екстрадиционен притвор и дали врз основа на тоа ќе одлучат екстрадиција е дилемата која треба да се расчисти. За оваа постапка надлежни се министерствата за правда на двете земји, преку кои, согласно европските норми и стандарди се реализира процедурата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »