речник контакт

Вранишковски ќе седне на обвинителната клупа од домашен притвор

Јован нема да заврши зад решетките во Идризово на отслужување на казната, ниту во притвор во Шутка, туку ќе седи дома во Битола, освен кога ќе треба да патува на судење во Велес. На Јован Вранишковски му е одземен српскиот и македонскиот пасош кој и сам ги понуди како гаранција дека нема да замине, а ќе мора еднаш неделно да му се јавува на лице кое е задолжено за тоа во Основниот суд во Битола.

Петар Печков

         Расчинетиот Владика  на МПЦ Јован повторно ќе седне на обвинителната клупа во Основниот суд во Велес. Ова е одлука по неколку дневната процедура  по постапката која се водеше за овој предмет. 

 

Јован нема да заврши зад решетките во Идризово на отслужување на казната, ниту во притвор во Шутка, туку ќе седи дома во Битола, освен кога ќе треба да патува на судење во Велес. На Јован Вранишковски му е одземен српскиот и македонскиот пасош кој и сам ги понуди како гаранција дека нема да замине, а ќе мора еднаш неделно да му се јавува на лице кое е задолжено за тоа во Основниот суд во Битола.

 

Ова е епилогот на неочекуваниот пресврт и неговото враќање во земјава, откако во понеделникот Вранишковски беше уапсен при обид да влезе во Македонија на граничниот премин Меџитлија кај Битола. Оттогаш тој е испратен во Идризово, да ја одлежува казната затвор во времетраење од  2,5 години која му беше изречена во Основниот суд во Велес поради злоупотреба на црковни пари во висина од 21 милион денари. По апсењето на Вранишковски од Врховниот суд најавија  бидејќи делото „затајување“  за кое тој се товари,  припаѓа на лесни кривични дела, за него најверојатно нема да има мерка притвор.

 

Во меѓувреме  процедурата на која судот се повикуваше, опфаќаше истрага дали и кога на расчинетиот владика Јован му е врачена пресудата, кога лани беше притворен во Бугарија. Тој таму беше уапсен на 16-ти ноември 2010 при обид да мине од Грција за Србија а беше баран со меѓународна потерница од страна на македонското правосудство. Дилемата била дали пресудата е врачена до  12 декември лани, бидејќи на тој датум годинава Вранишковски  влезе во Македонија а за тој период од една година таа станува правосилна.

 

Истрагата покажала дека пресудата на Јован во Софија му била врачена во притвор на 16-ти декември 2010 со што за неколку дена ја одбегна можноста пресудата да биде правосилна и тој да нема право да ја повторува постапката и да се жали. Сега таа ќе започне одново во Основниот суд во Велес.  Обвинителството дополнително ќе реши дали ќе се жали на одлуката Вранишковски да не биде во притвор.

  

Враншковски  беше осуден бидејќи во периодот 24.06.1998 до 09.07.2002 кога беше владика на МПЦ во три нејзини епархии, Преспанско-Пелагониската, Повардарската и Брегалничката, противправно  присвоил 21 милион денари.    Според обвинението парите кој му биле давани на рака на  тогашниот владика Јован од различни цркви и манастири ги присвоил, со нив купувал луксузни возила кои потоа биле продавани или просвоени од негови блиски луѓе.

 

За финансиските малверзации ги користел хуманитарнтие организации и црковни економии, со кои раководеле негови блиски роднини. Злоупотребувани се и донации и народни пари наменети за изградба или реновирање на храмови. Додека Јован  доаѓаше на судскиот процес во Велес се бранеше дека трошењето на пари во Црквата не е предмет на работа на обвинителството и судот, дека таа е одвоена од државата и кај нив не се води книговодство.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »