речник контакт

Врачен автомобилот од наградната игра на Кристал (фото и видео)

Џипот MG ZS му се падна на Панче Давчевски од Скопје

Петар Печков

100 награди на ред, за 100 години квалитет! Имено, ова беше и името на наградната игра на брендот Кристал, на компанијата „Кристал 1923“ АД, чие главно извлекување се одржа на 12ти јули, кога беа извлечени последните три награди и главната награда џип MG ZS 1.5 106 HP.

Еден век постоење за Кристал е значајно, но најголемо е задоволството кога своите потрошувачи секојдневно ги гледаме задоволни од производите и нивниот квалитет. Особено кога традицијата продолжува од генерација на генерација. А тоа се разбира дека нѐ мотивира и во иднина што повеќе да ги наградуваме своите потрошувачи со уште повредни награди и подобар квалитет на нашите производи.

Велешки „Кристал 1923“ АД наградната игра ја организираше по повод 100 свој РОДЕНДЕН, во годината кога одбележува еден век производство на масло за јадење, локум, маргарин и алва, како и на проширениот асортиман на други видови на прехранбени производи.

За учество во наградната игра потребно беше единствено да купите некој од Кристал производите во вредност од најмалку 200 денари. Секое купување носеше влез и учество во наградната игра, зголемувајќи ги шансите за добивка во секое извлекување, па и во главното!

Фондот на награди беше голем. 99 награди меѓу кои: 13 блендери, 25 пакет производи, 13 тостери, 12 паметни часовници, 12 вредносни ваучери за патување, 12 мобилни телефони, 12 тротинети и една главна награда ЏИП MG.

Главната награда ја доби Панче Давчевски од Скопје, кој во прв момент не веруваше дека тој е добитникот.

„Никогаш не се знае среќата на кого ќе му се насмевне. Најмногу на наградата се израдува синчето “ - кажа Панче по добивањето на автомобилот.

ПР текст

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »