речник контакт

Врачена наградата Дамјанов за Токарев

Тој е еден од ретките кој има пишано творештво за целата современа архитектонска мисла.

Петар Печков

Асоцијацијата на архитекти на Македонија, наградата за животно дело и особени достигнувања во архитектурата и градителството “Андреј Дамјанов“,во црквата Света Богородица во Скопје, му ја врачи на пензионираниот редовен професор од Архитектонскиот факултет, Михаил Токарев.  Тој во својата работа се занимава со едукација,проектирање, издаваштво и  е еден од ретките кој има пишано творештво за целата современа архитектонска мисла.

Според претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, се работи за награда која го носи името на голем градител кој умеел да воспостави синтеза помеѓу традиционални вредни трагови и нови, храбри визии и создаде светилишта.

Професорот Токарев, е учител кој благодарение на своето творештво и својот начин на поимање и пренесување на вистинските архитектонски вредности создаде армија генерации .е случи во еден мошне деликатен и осетлив миг во формирањето на архитектонската свест Андреј Дамјанов да отиде токму во рацете на Проф. Михаил Токарев, токму кај оној кој умее да ги чува, почитува и штити од заборав делото на големите мајстори. Така Андреј Дамјанов отиде на правото место, право во рацете на професорот, тамо каде ќе најде мир и спокој, кај својот чувар. Професорот Токарев е на некој начинј Џорџо Вазари во Македонија. Чест ми е што конечно во Македонија можеме да се пофалиме дека и ние имаме издаваштво во областа на архитектурата.Тој успеа да ја собере на едно место таа драгоцена лабораторија за продуктивни архитектонски и уметнички истражувања и да ни овозможи сите во рака да држиме едма цврста основа која не воспитува во насока на формирање на современа креативна мисла, изјави претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ Јовановиќ.

Професорот Токарев целиот работен цек го поминува на Архитектонскиот факултет, а зад себе има низа врви проекти и елаборати посветени на архитектурата.

Наградата за животно дело и особени достигнувања во архитектурата и градителството “Андреј Дамјанов“, Асоцијацијата на архитектите ја доделува по 24 пат.

Во образложението на Комисијата за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“, се наведува дека професорот Михаил Токарев целиот работен век го поминал како едукатор на Архитектонскиот факултет во Скопје, учествувал во бројни проекти од областа на проектирањето и урбанистичкото планирање како автор и коавтор, но и на проект – елаборати за заштита и ревитализација на македонското недвижно културно наследство. Како капитално дело во неговото творештво се издвојува издавачкиот проект „100 години модерна архитектура“ во три тома, отпечатен на врвно техничко ниво. Се јавува и како автор на мноштво пишани дела за архитектурата, наследството и заштитата во текот на неговата плодна професионална кариера.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »