речник контакт

Врачени договори на семејството сточари Андови од Црквино, за набавка на високо квалитетни грла добиток

За набавка на високо педигриран добиток имало исклучително висок интерес, потпишани се 103 договори

Петар Печков

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски,  лично на  семејство сточари од велешко Црквино им ги врачи договорите за одгледување на високо стелни јуници. Вкупно 64 по 32 од расата Холштајн–Фризиска и 32 од расата Симентал, со што ова семејство, преку „Бони фармер“  и  младиот сточар  Никола Андов,  кои  поседуваат 164 високо квалитетни грла, го зголемува капацитетот на постојната но и новата фарма кои ја градат.

„Набавката на  говеда од увоз или признати организации, согласно Законот за сточарство  е врз основа на повикот за мерката 121, објавен во јуни минатата година и предизвика рекордно висок интерес кај сточарите. За него аплицирале 104 баратели  а 103 ќе бидат поддржани, со вкупна сума од 253 милиони денари.  Со овие средства сточарите ќе можат да набават  вкупно 3.842 грла  на високо педигриран добиток.  Од нив 2.727  јуници,  1.056 овци, 50 кози“ - кажа министерот Николовски.  

Тој потенцира дека заедно со сточарите работат на зголемување на сточниот фонд во земјава и тоа со високо квалитетни раси но се зголемува и производството на храна.

 „Од оваа година воведовме дополнителни субвенции по квалитет по млеко. Ако досега производителите на кравјо млеко, произведуваа екстра класа, одбиваа поддршка од 3,5 денари, сега добиваат 4,5 денари. Поддршката за овчо и козјо млеко ја зголемивме од 4,5 на 5,5 денари по кг.  Така производителите се стимулираат да произведуваат квалитетното млеко“ -дополни Николовски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »