речник контакт

Врачени наградите ,,Афродита,, на театарскиот фестивал Стоби (фото)

Во чест на добитниците одиграна ,,Кралот Лир,, на велешки театар

Петар Печков

Врачени се статуетките Афродита, награди  од Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,.  Три заминаа за МНТ, чија претстава ,,Електра,, доби признанија за Грани при Претествата  во целина,за Андреј Жолдак за режија и за Дарја Ризова з а женска ролја. Наградата на најдобра машка улога ја доби актерот на Турскиот театар до Скопје Селпи  Керим. Тој не ја криеше радоста од добиената награда.

Убаво е чувството да се добие награда поготово од ваков престижен  фестивал како што е Стоби. Наградата е печат на вложениот труд, на заедничка работа со целиот ансамбл кој учествуваше во претставата - рече Керим при добивањето на наградата за Прометеј во истоимената претстава во режија на Дејан  Пројковски.  

Жирито во состав Катерина Коцевска, Јордан Витанов и Александар Ѓоргиев наградите  ги донело едногласно, со тоа што во категоријата за женска улога имало силна конкуренција тие биле во дилема кому да ја доделат. Се одлучиле за Дарја Ризова од Електра на МНТ.   

Голема благодарност до жирито и Фестивалот Стоби, што  мене ми ја додели оваа награда за која заслуги имаат целата актерска и техничка екипа на МНТ, бидејќи сите заедно тимски соработувавме. Работата со Жолдак беше напорна, бидејќи тој бара многу вложување, но сето тоа се исплати со наградите кои до освоивме. Очекувам дека ова нема да биде последна награда, продолжуваме заедно натаму, во освојување на нови уметнички вредности.  - изјави добитничката Дарја Ризова, која ја толкуваше Електра во истоимената претстава.  

Наградата во името на режисерот Украинецот Андреј Жолда ја прими неговиот асистент во оваа претстава   Никола Кимовски, бидејќи Жолда бил во Берлин,а каде с во тамошен театар подготвува нова претстава.  Наградата за ,,Прометеј, која доби Гран при  на Фестивалот  ,,Стоби,, ја прими актерот  Борче Начевски, кој настапува во претставата.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »