речник контакт

Врачени признанијата 9-ти Ноември (фото)

Одбележана 70 годишнината од ослободувањето на Велес

Петар Печков

      Ослободувањето на Велес на 9-ти ноември 1944-тата, беше одбележан со свечена седница по повод Денот на општината.  Велес како урбано јадро на овие балкански простори егзистира од 123-тата година пред нашата или цели 2137 години. Сублиматот на сите револуции во  оваа милениумска угорна патека на развојот на Велес е 9-ти Ноември 1944 година.

На седницата  присуствувааи гости од збратимените градови Самобор, Сомбор, Ужице, Слобозија, Свиштов, Силистра и Каршијака

Во своето обраќање по повод празникот на градот кога се одбележуваат 70 години од неговата слобода, градоначалникот Славчо Чадиев се обрати и им го честиташе празникот на присутните граѓани, одддавајќи им почит на сите генерации велешани што во долгата 23 вековна историска верига посветено работеа и ги вградија своите животи, идеи, мудрост, талент и градителска моќ во  Велес.

70 години гордо и слободно ја раскажуваме историјата за трговците, Гемиџиите, за Вардар и мостовите, за Дамјанов и неговата тајфа. 70 години гласно ги пееме песните за војводите, за Алабакот, Докурчев и Офицерчето, за Миле Поп Јорданов и Петар Поп Арсов. 70 години пишуваме, учиме и градиме училишта по примерот на Џинот на свој македонски јазик и ги славиме Жинзифов, Рацин и Неделковски, народниот учител Панко Брашнар. Тоа се придобивките на слободата. Она што е создадено и изградено, направено после жртвата на сите велешки бесмртни дејци, после 1944-тата е наше дело создадено во слобода. Од името на сите Вас им благодарам за слободата – истакна градоначалникот  Чадиев.

На денешната свечена седница на Советот на Општина Велес беа врачени и деветоноемвриските награди и признанија на овогодинешните добитници, Добитници на наградата за животно дело „Гемиџии“ се личности кои  преку своето дело гласот за Велес го разнесуваат далеку и високо.

Оваа 2014 година добитници на наградата за животно дело „Гемиџии“ се: Јордан Витанов – Актер и Директор на НУЦК Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” Велес и Проф. д-р. Јордан Јовев – Невропсихијатар. Добитници на Спомен-плакета 9-ти Ноември годинава се Елизабета Канческа Милевска, Министер за култура; Драган Недељковиќ, Заменик Министер за Култура и Ансамбл „Керамичар”. Со признание – благодарница 9-ти Ноември за 2014 година се здобија велешката компанија „Хемомак пестициди ДОО” и Локалната библиотека „Гоце Делчев” одВелес, додека со пофалници се стекнаа велешкиот хроничар Љупчо Данов и дипломираниот музичар Петре Штерјов.

Годинава поради преселбата во новата театарска зграда, на свечената седница по повод празникот на градот беше доделена и Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“. Таа овојпат му припадна на актерот од велешкиот театар Александар Ѓеоргиев.

Наградата Најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2014 година ја понесе студентот Кирил Дончов– студент на трета година на Филозовскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје со просек на студии од 10.

Оваа награда е големо признание за сите нас, за заложбите што Министерството за култура ги реализираше  во изминатиот период во насока  на збогатување на културната понуда на градот Велес и  негување на неговите културно-историски знаменитости. Наградата 9-ти ноември е поттик повеќе, и во иднина со поддршка на Владата на Република Македонија и се разбира со Вашата поддршка, да продолжиме со посветеност,  енергија  и љубов да го унапредуваме  развојот на  сите сегменти од културното живеење на градот Велес кој е  непресушна  ризница на македонската култура и традиција – рече министерката Елизабета Канчевска Милевска, заблагодарувајќи се на наградата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »