речник контакт

Врачено Почесното Рациново признанието на бугарскиот автор, издавач и преведувач Тотев за ширење на македонската култура во Бугарија

Тотев досега превел 55 книги на 34 македонски автори од македонски на бугарски јазик

Петар Печков

Со меѓународен поетски митинг и доделување на Почесното Рациново признание на годинашниот добитник Пламен Тотев од Република Бугарија, завршија јубилејните 60  Рацинови средби. Тој признанието го доби за ширење на македонската култура и јазик во странство, во случајот во Бугарија.  Тотев досега превел 55 книги на 34 македонски автори од македонски на бугарски јазик.  

„За мене е голема чест што го добив ова признание, бидејќи знам што тоа значи во македонската литература. Ветувам дека наскоро ќе ја издадеме и наградената  книгата на Рациновите средби на Блаже Миневски „Ако се родат некакви чувства“ оти досега сме издале три негови книги на бугарски јазик.  Голем дел од книгите кои ги издаваме во Бугарија се финансиски поддржани од Министерството на култура на Македонија. Имаме одлична соработка со Македонскиот културен  и информативен центар во Софија и нејзиниот директор Сашко Насев. Се трудиме македонските автори преведени на бугарски јазик да бидат достојно претставени и промовирани во Бугарија, не само во Софија туку и во други градови“ - кажа добитникот Тотев.

Како завршен дел од манифестација се одржа меѓународен поетски митинг со учество на поети и од Турција и од Србија.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »