речник контакт

Врањанка почина во сообраќајка, на враќање од одмор од Грција

С.П. (36 год) починала на лице место, подлегнала на повредите здобиени откако автомобилот излетал од автопат

Петар Печков

Врањанка, враќајки се со семејството од одмор од Грција, починала во сообраќаен инцидент близу Велес. Сообраќајката се случила ноќеска на делницата од автопатот Градско- Велес.

„На 21-ви јули околу 02.45 ч во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1, правец Градско-Велес, патничко возило „рено“ со српски национални ознаки, управуван од Г.Ј.(41) од Република Србија, излетало од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди починала сопатничката С.П.(36) од Србија, а Г.Ј и малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди“ – информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе се знаат причините зошто автомобилот излетал од автопатот.  

„Веднаш по добиениот повик, бевме на лице место. Патничката, беше почината и немаше знаци на живот. Сопругот се жалеше на повреди нa глaва а детето имаше драсканици. Нив ги префрливмe на хирургија ов Велешка Болница, кажа д-р Марјан Мишев од итната помош, кој интервенирал на местото од несреќата.

„Ноќеска биле примени двајца пациенти и по извршените претраги констатирани се лесни повреди. По нивно барање пуштени се на домашно лекување“ соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »