речник контакт

Време е за ,,работа,, вели премиерот Заев

Образлагајќи дека Владата во наредниот период се фокусира на економијата, премиерот Заев не спомена избори. Тој најави дека од 1-ви јули започнува повратот на ДДВ во висина од 15 отсто. Вицепремиерот Анѓушев кажа дека во Давос четири странски инвестиции го потврдиле доаѓањето во Македонија

Петар Печков

Доста е со политика и политиканство, време е да ги засукаме ракавите за работа. Со оваа реченица премиерот Зоран Заев  ги кажа приоритетите на Владата во оваа година, избори не спомена.   Најави дека од половината на годинава започнува повратот на ДДВ кон граѓаните.

Повеќе место за изговор нема, Македонија има капацитет.  Веруваме дека ќе ја биде државата ако народот има пари. Тоа е нашата филозофија,на оваа Влада. Народот е економски немоќен и бара излез за достоинствен живот.   Дел од тоа е што ја укинавме радиодифузната такса, воведовме евтина струја. Тие заштедени  пари остануваат кај граѓаните. Најавувам дека од  1-јули започнуваме со поврат на ДДВ во висина од 15 отсто од вредноста. Така ќе ја укинеме даночната евазија, која во Македонија е 30 отсто. Сите ќе бараат фискални сметки и ќе пазарат од продавници каде ги добиваат - рече премиерот Заев.   Порача дека нема да  дозволи  младите да  заминуваат од земјата. 

Преку неколку епизоди од Економскиот форум во Давос  вицепремиерот за економски прашање Кочо Анѓушев кажа дека Македонија станала почитувана и посакувана земја за инвестиции. Порача дека Македонија мора да го искористи овој  период. 

Откако Грција го ратификуваше договорот од Преспа, четири инвеститори вчера  веднаш ги потврдија нивните инвестиции во Македонија.  Македонија беше ѕвезда во Давос. Многу е пријатно чувството, кога сите сакаат да помогнат,  не постоеше врата каде тропнавме а не се отвори. Финансиски институции кои ги прашавме не прашуваа дали, туку колку ви треба за да правите држава. Ние на странските инвеститори не им ветуваме дојдете имаме евтина работна рака, не напротив им ветуваме стручни образовани лица. Така ќе ги надминеме минималните  плати од 12 илјади денари. Плаќаме се уште заостанати долгови за проектот ,,Скопје 2014,, а во Македонија населението само со 18 отсто  од домаќинствата имаат канализација во своите домови  - рече Анѓушев.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »