речник контакт

Времено Физикално одделение се става во мирување, поради намалениот број на случаи на позитивни на ковид-19

Денес во велешката Болница се хоспитализирани 39 пациенти од кои 32 се потврдени позитивни, непотврдени двајца и пет пациенти со негативен тест

Петар Печков

Откако изминатава седмица, сериозно се намали бројот на пациенти позитивни или сомнителни на ковид-19,  физикалното одделение  од Велешка Болница е празно. Тоа нема да прима  пациенти. Така по ова, за пациентите позитивни  или сомнителни на ковид-19 во болницата се сместуваат  само на Инфективното одделение кое има 54 кревети.

На одделот за Физикална терапија и рехабилитација кој е наменет како ковид центар моментално немаме хоспитализирани пациенти и е ставен во времено мирување. Позитивните случаи се примаат во Инфективното одделение, додека сомнителните или негативните кои имаат здравствени проблеми се на Интерно одделение - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Денес во велешката Болница  се хоспитализирани 39 пациенти од кои 32 се потврдени позитивни, непотврдени двајца и пет пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »