речник контакт

Времено решение за Горно Оризари, зонски рестрикции на вода

Ова е договорено на средбата помеѓу жителите и надлежните институции

Петар Печков

Како времено решение кое наредните седум дена ќе функционира е  зонски рестрикции на вода во населбата Горно Оризари. Ова е договорено на средба која во петокот вечер се одржа помеѓу дел од жителите и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, директорот на ЈКП Дервен Фиданчо Цековски и дел од стручните служби во претпријатието. 

Се договоривме сите делови од   населбата да добиваат по 5-6 часа во текот на едно деноноќие Но тоа е времено и бараме начин тоа да се надмине а населбата да добива  континуирано вода за пиење – изјави  претседателот на Месната заедница  Исмет Ајдиновиќ.

Ние редовно плаќаме вода и не сме стручни да кажеме како да се реши проблемот, тоа треба вие да го најдете. Но денес да се нема вода на овие пеколни температури е страшно по секој од  нас – порача жител од собирот кој се одржа во населбата. 

Најдовме човек од  населбата, кој ќе биде одговорен за нивното на работење на  пумпите и нивото на  затворање на вентили по зони. Најважно е да добиеме одобрението за проектот,  од  Министерството з а транспорт и врски за да можеме за започнеме  со изградба на  цевководот, тоа е вистинското решение за проблемот, кој се јавува во лето, оризарци да немаат вода – рече градоначалникот Чадиев. 

Деновиве во населбата се очекуваат да стигнат бројни нивни жители, кои се  иселени претежно во Виена   и  северна  Италија, кои треба да  дојдат со фамилиите.  Но поради проблемот со немањето на вода, мештаните стравуваат дели нивните блиски ќе допатуваат во Горно Оризари. 

Проблемот со немање вода во поголемиот број  на куќи во населбаата  се актуализираше последните 30 –тина  дена. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »