речник контакт

Втор ден протест на судската администрација

Барањата се 78 отсто покачување на минималната плата како и 35 отсто додатоци на плата

Петар Печков


Втор ден протест на судската администрација. Под мотото „Европски плати и за Вас и за нас“ судската администрација продолжи  со протест во периодот од 9 до 11 часот. Во овој период влезот во Основен суд Велес е слободен, странките имаат пристап, судењата за разлика од вчера се одржуваат а на шалтерите има дежурен службеник.

„Протестот продолжува, но имаме  промени. Судењата со закажаните рочишта се одржуваат,  по еден вработен има во граѓанско и кривично одделение. Платата на стручните соработници  не е минимална, но таа беше пред некоја година 80 отсто до палта ан судија, па 50 отсто за лани да земаат 30 отсто иако тие се дипломирани правници со положен правосуден испит“ - рече Круме Тодоров,   претседател на  Независниот синдикат на државна администрација подружница Основен суд  Велес.

Здружението на судска администрација при Основен суд Велес и денес со  поддршка на  протестот.

„Барањата се 78 отсто  покачување на минималната плата како и 35 отсто додатоци на плата поради специфичноста на работните обврски. Овие барања се во согласност на Законот како што се покачија платите на судиите, така ние бараме покачување на минималната плата. Тоа ќе биде усогласување со покачувањето на животните трошоци. Платата на администрацијата е 20 до 22 илјади денари.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »