речник контакт

Втор настап, втора победа за одбојкарите на ГОK Борец во продолжението од првенството

Победа за футсал екипа нa КМФ Кеги мoби, пораз за кошаркарите на КК Борец баскет

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец забележаа сигурна победа во второто коло од продолжението на првенството. Со максимални 0:3 (17,13,9) победија во Пробиштип, против екипата на ОК Весна. Со ова победа велешани се зацврстија на третото место, од шест екипи и се на пат да влезат меѓу четирите екипи кои ќе разигруваат за титулата. Во следното коло, следниот викенд играат со лидерот на табелата, екипата на ОК Струмица, дома во салата Гемиџии.

Во среда попладне, во 1/4 финалето од Купот, ГОК Борец ја пречекува екипата на ОК Универзитет Гоце Делчев о Штип.  Се игра еден натпревар и подобриот оди во полуфинале.

Во првото коло од вториот дел на првенството на Првата фустал лига, велешки КМФ Кеги моби со убедливи 7:1(2:0)ја  совлада МКФ Црна река, која се бори за опстанок. СО оваа победа велешани остануваат на четвртото место со 21 бод. Во следното коло, следниот викенд играат со  КМФ Карадаку, во Липково. Тоа е соседско дерби бидејќи играа двете екипи на 4 и 5 место, а ги дели еден бод, во корист на велешани.

Во третото коло од продолжението на првенството на Втора кошаркарска лига, висок пораз за велешани КК Борец Баскет на гостувањето во Скопје против КК Ангели. Загубија со 65:91. Со овој резултат велешани остануваат во долниот дел од табелата со 20  бода, со три екипи со ист број бодови -КК Шкупи, КК МЗт Скопје2. Следното коло, следниот викенд играат со екипата на КК Охрид која е петто пласирана, на домашен терен во салата Гемиџии.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »