речник контакт

Втор пат по ред, Велес беше дел од еко акцијата „Генералка викенд 23“

Се собираше сметот на улицата „АСНОМ“, на потегот од АМСМ до МК Стоби, близу Топилница

Петар Печков

И годинава Велес беше дел од еко  акцијата „Генералка викенд 23“. Денес, сабота  се собираше сметот на улицата „АСНОМ“, на потегот од АМСМ до МК Стоби, близу Топилница.  Во рамки на акцијата за собирање на селектиран отпад беа вклучени деца од детската градинка „Димче Мирчев’, учениците од основните и средните училишта во градот, вработените од ЈКП „Дервен“ и граѓанските организации.

Акцијата „Генералка викенд 23“ е во организација на компанијата „Мен анд маунтен“ и се реализира со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За секои 10 килограми отпад Министерството за земјоделство ќе посвети по едно дрво во својот годишен план за пошумување нови шуми наречени „СОНЧЕВА ГОРА“ - национални зелени споменици.

фото Општина Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »