речник контакт

Втора година по ред се намалува бројот на интервенции на велешките пожарникари

Единствено во пораст е бројот интервенции при запалени возила

Петар Печков

Втора година по ред се намалува бројот на интервенции кои велешките пожарникари ги имале на терен. Лани тие имале 311 интервенции, што е за 10 помалку отколку во 2020-та и за 40 помалку отколку во 2019-та година. 

ТППЕ Велес  покрива подрачје на три општини, матичната Велес и соседните Чашка и Градско. При ланските пожари нема починато лица

„Намалувањето на бројот на интервенции се должи на тоа што граѓаните поради ковид заразата беа повеќе дома, има можност да се грижат за имотот и домаќинствата. Влијание имаше и нашата едукација и кампањата за заштита од пожари“ - кажа Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.

Лани во Велес имало 270 интервенции,  наспроти 296 во 2020-та  додека во 2019-та 303 а во 2018-та 239. Минатата година се бележи раст при бројот на интервенции за запалени возила, кога пожарникарите во 26 наврти го локализирале огнот-11 повеќе од претходно , во 20 случаи газнеле запалени контејнери за смет,  во 21 запален оџак. Лани од огнот  биле опожарени 179 хектари и 71 декар површина под шума или трева.

Во Чашка  ТППЕ Велес имала 18 интервенции, исто колку и во 2020-та,  наспроти 39 во 2019-та а во Градско 23 што е далеку повеќе отколку  седумте во 2020-та  наспроти девет во 2019-тата година.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »