речник контакт

Втора пораз по ред за ФК Борец во Втората лига

ФК БЕЛАСИЦА - ФК БОРЕЦ 5:0 В сабота започнуваат натпреварите од Трeта лига Југ, таму се натпреваруваат ФК Превалец и ФК Локомотива - Градско

Петар Печков

Второ коло, втор пораз за велешкиот второлигаш ФК Борец во второлигашкото друштво. Во Струмица во натпревар на довчерашните прволигаши, домаќинот ФК Беласица со високи 5:0, полувреме 4:0  славеше над велешани.

Во третото коло в сабота во Велес гостува ФК Тетекс, кој како и ФК Борец нема ниту бод, па така по ова средба некоја од двете екипи, или во случај на реми и двете ќе имаат бодови. Натпреварот започнува од 16ч.    

Новата фудбалска сезона во Третата лига Југ ќе започне на 4-ти септември. Во новата сезона ќе учествуваат 12 екипи , меѓу нив и две екипи од ОФС Велес -  ФК Превалец и ФК Локомотива од Градско. Останатите десет учесници се:  Вардар Неготино, Питу Гули -Крушево, Марена, Канатларци, Големо Коњари, Обршани, Росоман, Бучин - Крушево, Младост од Кривогаштани   и Слога од Лажани.

Во првото коло в сабота е локалното  дерби  Превалец - Локомотива со почеток од 16ч.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »