Петар Печков
Објавено: четврток, 13 февруари 2025
На подрачјето на Општина Велес, била реализирана превентивна активност под мотото „Стави појас, вози одговорно“, а со цел зголемување на безбедноста при патување со возила и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците.
„Во разговор со учесниците во сообраќајот, полициските службеници ги потсетуваа и на обврската за задолжително користење на појас во возилата, беше потенцирана и значајната заштитна улога која ја има сигурносниот појас при евентуално случена сообраќајна незгода, а воедно им беше укажувано и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи“ - соопштија од МВР.
При превентивната активност на возачите покрај укажувањата, им бил поделен и едукативен печатен материјал изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Активноста е реализирана од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес.
фото МВР
Tweet |