Петар Печков
Објавено: среда, 20 ноември 2019
Анкетите на родителите, чии деца посетуваат градинка, покажала дека во Велес нема интерес за организирање на втора смена. За разлика од други градови, каде втората смена е прифатена и има голем интерес, во Велес немало. Затоа пак градинката работи секоја прва сабота, кога администрацијата во државните институции е на работа.
Имавме анкета на родителите, кои беа прашани, дали има потреба од втора смена. Од сите анкетирани родители, само двајца пројавија интерес, а тоа е многу скапо да се примени. Толкав објект да биде во функција за две деца и да се ангажира кадар засега е економски неодржливо. Затоа пак секоја прва сабота, која е работна, имаме објект каде ги примаме децата кои се згрижуваат. Тоа е објект бр. три - Детелинки на ул. Тодор Јанев. И јавноста да знае дека интересот е многу мал - рече Ефтимија Лукава Карбева в.д. директорка на детските градинки во Велес.
Tweet |