речник контакт

Втора фаза од Хидро системот Лисиче, систем за наводнување

Треба да се реализира во периодот 2018 – 2021 година, и е во вредност од 30 милиони евра обезбедени од кредит

Петар Печков

 Во наредните години треба да се  реализира втората фаза од Хидросистемот ,,Лисиче,, .

Ова стои во  акциониот план, пишан документ  ,,План за инвестирање во водостопанска инфраструктура,, донесен 2015-та година и усвоен од Владата  а надополнет со ,,Акцискиот план за реализција на програтта, за перидот 2017-20,,. Со него треба да се решат и други проблеми во водостопанството во земјава.   

Во согласност со него треба да се започне и да се реализира  изградба на систем за наводнување на околу три илјади хектари во рамките на ХС Лисиче. Тие се наоѓаат на територија на општините Велес и Чашка, а опфаќа и изградба на три мали хидроелектрани. 

Според овој документ  рок на спроведување е 2018-2021-ва година со вредност од  30 милиони евра. Тие средства би требало да се  обезбедат  од Европската Банка за обнова и развој ЕБРД или од KfW.  Одобрувањето на кредитот треба д се случи до крајот на годинава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »