речник контакт

Вториот Фестивал на џез, воpлд и современа музика во Велес од 1 до 13 септември, годинава и меѓународен

Тој ќе се одржи во периодот од 1 во 13 септември на сцената на велешки театар и во Европската куќа.

Петар Печков

Позната е програмата и учесниците на второто издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика. Тој ќе се одржи во периодот од 1 во 13 септември на сцената на велешки театар и во Европската куќа.

Година фестивалот на 1 септември  го отвора "Reel Problems" џез формација која доаѓа од Хрватска. која во родната земја важи за “bend za zezancije i provode“. Така годинава фестивалот  станува интернационален. Концертот ќе биде во големата сала на велешки театар.  Веднаш потоа на паркингот од театарот Бојан Чакра има винил ДЏ сет а Борче Конзулов видео мапинг.

 На 2 септември е концертот на составот КЕМ, кое организаторот  го најавува како  големо откритие за оваа година.

„Навлечени сме на нивниот деби албум и гарантираме дека многу ќе ги засакате уште од прво слушање. Вистинско освежување на нашата сцена. КЕМ се бенд кој во својата музика инкорпорира разни жанрови меѓу кои хип-хоп, инди, соул, RnB “ - вели организаторот.   Вечерта  продолжува со концерт и"Пијан славеј". Повторно сцената е на велешки театар.

„Да не должиме многу, сите знаеме кои се, и за каков квалитет станува збор. Ние во организација секогаш ги нарекуваме бенд - фамилија... Велешани секогаш им се радувале кога доаѓале да свират како Фолтин“ - додаваат организаторите.

По концертот, повторно на паркингот на театар има настап овој пат Андреја Салпа со ДЏ сет и Борче Конзулов со видео мапинг.  


Третата вечер на фестивалот е резервирана за музичко маратонски концепт во три дела на Dine Doneff !!! Концерт кој ќе започне на Спомен Костурницата во Велес, за подоцна да се сели на големата сцена во Teatar Jordan H.K. Dzinot- Veles

„Многу љубители на World музиката а воедно и фанови на познатата издавачка куќа ECM Records знаат за каков музички квалитет станува збор... Убедени сме дека овој прекрасен композитор треба да го откријат и помладите музички сладокусци во што поголем број.  3-ти септември ќе е голем ден за Велес. Целиот ден го посветуваме на КОСТА СОЛЕВ РАЦИН. Ќе го празнуваме така што во 18ч. ќе се собереме во Спомен Костурницата, a таму големиот Дине Донев за прв пат ќе го отсвири делото "Спомен" напишано токму за ова грандиозно место. Се селиме во театар таму следи уште еден концерт на Дине Донев кој ќе е во две етапи едниот од 20ч. и другиот од 21ч“  - велат од организацијата.  На паркинг просторот на театарот продолжува со поетско-музички проект на дуото "Aspirin Moon" - велешанка Марија Грубор, победничка на дванаесеттиот национален слем натпревар и гитаристот Филип Букршлиев. И пак видео мапинг со Борче Конзулов.

Како дел од концептот на фестивалот на 6 септември ќе се одржи отворање на уметничка изложба во Европската  куќа, чие затворање ќе биде на 13 септември а двете вечери ќе има и   музички перформанс.

Организатор на Фестивалот е Арт Генератор а финансиски поддржан од Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »