Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 ноември 2024
Вторник вечер, од 20ч. на сцената на велешкиот театар гостува Драмско - куклениот театар од Враца Бугарија. Актерите ќе ја изведат претставата „Гимнастика за бремени жени“(комедија) од Здрава Каменова а во режија на Петринел Гочев.
„Четири трудници, сите четири по име Марија, се среќаваат на час по гимнастика за трудници, а ова познанство ги води до непромислено бегство и најлудата ноќ во нивниот живот. Претстава за најекстремното, најтрансформативното искуство, имено во бременоста, како жените, исто и мажите поминуваат низ неа и дали љубовта преживува во изборот да се биде родител. Патување низ апсурдите, лудилото и љубовта на четири трудници, четворица мажи и еден ексцентричен предавач!“ – пишува во најавата за претставата.
Tweet |