речник контакт

Вторник и среда во Велес 51-те Детски Рацинови средби

Ќе се доделат наградите од распишаните конкурси

Петар Печков

Вторник и среда Велес преку децата од земјава, ќе го оживува споменот на поетот Коста Солев Рацин. Овие два дена ќе се одржи манифестација Детски Рацинови средби, годинава по 51 пат.

Ќе учествуваат стотина деца од основните училишта од земјава, кои твореа на два одвоени конкурси,за поезија и за ликовно дело. 

Вторник во 10ч. во медиотеката од библиотеката  ќе бидат доделени пофалниците од поетската работилница а во 11ч. во Ликовниот салон пофалниците за изработка на  постер „Рацин денес, вчера и утре“

Во 12:30 ч. во салата на народен театар  е свечено отворање на 51-те Детски Рацинови средби, доделување награди на учесниците, културно- уметничка програма.

Во терминот од 13:30-14:30 ч е поетското перо низ страниците на Росица, Другарче, Развигор и Наш свет -место: поливалентен простор ООУ„ Блаже Конески“

Во 15:15 ч. во Сокачето  на поезијата е поетско читање на наградените творби и посета на ликовната изложба. Во 16 ч. следи посета на грнчарска работилница

За следниот ден среда (среда) од 10до 12ч. е поетскиот караван во општински основни и средни училишта, интернатот и детските градинки

Во 13:00 ч. во Спомен куќа на Кочо Рацин е промоција на публикацијата „Кочо Рацин- живот и дело“  на авторите Павлина Василева и Марин Клифов при Народен музеј Велес, промотор е проф. др. Васил Тоциновски

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »