речник контакт

Вторник по полноќ започнува летото

Вторник ќе имаме и најдолг ден во годината

Петар Печков

Вторник 21 јуни во 43 минути по полноќ, на северната полутопка започнува летото.  Тоа ќе биде и најдолгиот ден во годината.  Во Велес сонцето  ќе изгрее во 4.58 ч. а ќе зајде во 20.11ч. така денот ќе трае 15 часа и 13 минути а ноќта  8ч и 46 мин.  

Од средата (22.06), деновите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември 2016 година.

Летото ќе трае 93 дена и ќе заврши на 22 септември во 16 часот и 21 минута (по средноевропоско време кое е официјално и во Македонија), кога на северната полутопка ќе почне есента.

Од вторник на јужната полутопка, Австралија, Нов Зеланд  ќе стигне зимата. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »