речник контакт

Вторник пред гласањето за изборите, училиштата каде има избирачки места, настава ќе има од 7 до 11ч.

Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал

Петар Печков

Министерството за образование и наука соопшти  дека 23 април и 7 мај, деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта.

„Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7:00 до 11:00 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред. Наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат  плановите за организација на работата на основните и средните училишта. Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал“ – соопштија од МОН .

Од министерството потсетуваат дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »