речник контакт

Вторникот претпладне возач излетал од пат кај Мамутчево, завршил во Болница

И натаму делницата од Велес до Штип, низ Овче Поле е црна точка

Петар Печков

МВР информираше за сообраќајка која се случи вторникот претпладне, на магистралниот пат Велес- Штип. Тешко е повреден возачот од Пробиштип. 

Вторникот во  11,00 часот на магистралниот пат Штип - Велес, пред крстосницата Мамутчево - Велес, З.А.(53) од Пробиштип управувајќи патничко моторно возило „Лада нива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, изгубил контрола над возилото и тоа се превртело - напишаа од МВР.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, згрижен е  во Општа болница Велес и е надвор од животна опасност. Извршен е увид на местото на настанот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »