речник контакт

Второ место за патролата на ИО Димитар Влахов

Натпреварот се одржа во Голозинци

Петар Печков

Патролата на велешкиот Извиднички одред Димитар  Влахов го освои второто место на  Државниот натпревар  за извидници во ориентација.  Ова беше патролата во постари извидници, која беше зад екипата на ИПО Јадран од Скопје.

Таа беше во состав:    Љупчо Кузмановски,  Панче Велев, Мартин Јошевски  и  Мартин Трајковски.  Државниот Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН 2014 се одржа овој викенд  на терените  и полигонот на ИО Димитар Влахов во село Голозинци.  .

На ДИОН Голозинци 2014 учество земаа стотина извидници од Велес, Скопје, Кичево, Охрид и се натпреваруваа во две категорои РИОН за постари извидници и РАПИ за помлади извидници.

Постарите извидници во рамките на РИОН (Републички Извиднички Ориентационен Натпревар) се натпреваруваа во областа на ориeнтацијата и топографијата на непознат терен, прва помош, сигнализација и тестови од повеќе области. Додека пак помладите извидници во рамките на РАПИ (Републичка Акција за Помлади Извидници) се натпреваруваа во областа на основното ориентирање преку патни знаци, прва помош, пионерство, игри, полигон на спретност. 

Екипата на помлади извидници на ИО Димитар Влахов  го освои шестото место и ја сочинуваа: . Драгана Андреевска,     Трајче Темелковски,   Виктор Јанков,    Анамарија Минов Извиднички одред  Димитар Влахов од Велес е  нај стар во Република Македонија со 62 годишна традиција

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »