речник контакт

Второ прскање против комарците в понеделник наутро

Понеделник 11.07.2011 со почеток од 05.00 часот до 06.30 часот ќе се спроведе авионско третирање против комарци.

Петар Печков


Границата на третирањето започнува на  исток од Башино село, преку автопатот Скопје - Велес до патниот јазол за приклучување на патот за Штип, преку автопатот Скопје - Гевгелија се до кланицата "АГРИА".

На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата „Керамидна“ кон фабриката „Киро Ќучук“, се до Башино село. Со третирањето ќе биде опфатено целото градско подрачје, река Вардар по целото течение.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, третирањето ќе биде одложено за наредниот ден.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »