речник контакт

Второ реми во низа за отпишаниот ФК Борец

Нов пораз за одбојкарите, овој пат на домашен терен

Петар Печков

Велешките фудбалери врзаa два натпревари без пораз во Првата лига. Откако минатото коло и oдземаа бод во Тетово на ФК Шкендија, денес на Градски играа нерешено но овој пат со ФК Академија Пандев  со по еден гол во мрежите 1:1. Двете екипи од кои ФК Борец не е прозен се на 2-рото и 3-тото место на табелата. 

Гостите од Струмица поведоа преку Ангелов во 11-тата а израмни Ѓорѓевиќ во 59-тата. Но овие два бода ништо нe значат за екипата на ФК Борец која не се помести од претпоследното 11-то место со  15 бода, дури 9 бода помалку од претходникот ФК Тиквеш.

До крајот остануваат седум кола а велешани се на пат за Втора лига.  Во следното коло в недела ФК Боpец му гостува на лидерот ФК Шкупи.

Вонредно коло играа и одбојкарите. На домашен терен, ништо ново нов убедлив пораз во претпоследното коло  од 0:3(16,10,16) од лидерот ОК Струмица. Тие се петти од шест екипи во оваа втора фаза од првенството.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »