речник контакт

Второто издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велeс, со меѓународен карактер

Има гости од Хрватска и Грција

Петар Печков

Од петок 1 септември започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика, ојн по втор пат ќе се одржи во Велес. Годинава тој е меѓународен со учество на музичари до Хрватска и Грција. Ќе се одржи на сцената на велешки театар, во Спомен Костурницата, на паркингот од театарот и во Јуроп хаус.

„Не само концерти, имаме изложба, визулен мапинг, визуелен театар, има ди-џеј. Создадовме програма за широк круг посетители“ - кажа Славчо Коцев  дел од здружението Арт Генератор, организатор на Фестивалот.   

Година фестивалот на 1 септември  го отвора "Reel Problems" џез формација која доаѓа од Хрватска. која во родната земја важи за “bend za zezancije i provode“. На 2 септември е концертот на составот КЕМ, кое организаторот  го најавува како  големо откритие за оваа година. Вечерта  продолжува со концерт на "Пијан славеј".  Третата вечер на фестивалот е резервирана за музичко маратонски концепт во три дела на Dine Doneff  од Грција. Концерт кој ќе започне на Спомен Костурницата во Велес, за подоцна да се сели на големата сцена во велешки театар. Првите две вечери по концертите, на паркингот од театарот имаат настап ди-џеј Бојан Чакра и следниот ден Андреја Салп, со видео мапинг на Борче Конзулов.

Третата вечер во придружната програма,  на паркингот продолжува    со поетско- музички проект на дуото "Aspirin Moon" - велешанка Марија Грубор, победничка на дванаесеттиот национален слем натпревар и гитаристот Филип Букршлиев. Заедно со нив ќе биде и театарот „Сонце и облаци“ од Скопје.

„Имаме поквалитетна програма од лани. Големо задоволство е што Фестивалот прераснува во меѓународен, не е локален а тоа е големо задоволство и признание за нас. Музичкиот концепт на  Dine Doneff  од Грција е направен специјално за Велес и за Рацин, за Спомен Костурницата. Лани тој беше гостин на првото издание се воодушеви од Велес, од Костурницата и  посака да биде годинава гостин, со специјален концепт “ - рече Сашко Костов, дел од организацијата на настанот. 

„Изложбата која ќе биде поставена во Јуроп хаус, ќе биде на авторката Фотини, која доаѓа од Грција со концерт на Бојан Петков - Шамба на отворањето   на 9 септември. На затворањето на изложбата концерт ќе има Dine Doneff  со Јордан Костов“ - соопшти Фаик Мефаилоски, дел од организацијата на фестивалот.
Градоначалникот Марко Колев  ги покани  велешани но и гостите од другите градови на присуствуваат на фестивалот.

„Имаме програма која заслужува соодветно внимание. Составена од професионалци во работата и верувам дека ќе привлече внимание“ - порача Колев.

Билетите по цена од 200 денари, за концертите на сцената на велешки театар,  можат да се набават на каса на театарот, а за сите три дена  блок влезница чини 450 денари. Фестивалот е финансики поддржан од Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »