Петар Печков
Објавено: четврток, 11 јуни 2020
Во текот на вчерашниот ден во Велес за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 57 лица, соопштија од СВР Велес.
Нив ќе им биде изречена парична казна од 20 евра. Вкупно со Решение во изолација има 68 лица во Велес (вчера 77), а со Изјава за самоизолација има 37 , исто колку вчера
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки - соопшти портпаролот Верољуб Додевски.
Tweet |